„Епл“ (Apple Inc) планира следната година да лансира сопствена алатка за пребарување базирана на вештачка интелигенција (ВИ), наречен ВКА (World Knowledge Answers), во обид да се вклучи во растечката трка за ВИ-доминација, директно конкурирајќи му на ЧетГПТ (ChatGPT) на „Опен еј-ај“ (OpenAI) и „Перплексити“ (Perplexity AI).
Новата алатка ќе биде интегриран во гласовниот асистент Сири (Siri), со можност подоцна да се прошири и во прелистувачот Сафари (Safari) и пребарувањето Спотлајт (Spotlight) на ајфон, според лица запознаени со проектот. Лансирањето е планирано за пролетта 2026, како дел од долгоочекуваниот редизајн на Сири, кој вклучува функции со генеративна ВИ.
Новиот систем ќе функционира како „енџин за одговори“, овозможувајќи пребарување информации од интернет преку LLM (големи јазични модели) – технологија што стои зад ЧетГПТ и слични апликации. „Епл“ работи на три главни компоненти: планер – што го интерпретира барањето, системи за пребарување – за веб и уреди, како и сумирање – кое ги спојува податоците во кратки јасни одговори.
Прочитај повеќе

„Епл“ сака Сири да мисли со мозокот на „Гугл“
„Епл“ развива две верзии на Сири – една со свои модели, друга со надворешна технологија.
23.08.2025

Нова ера во „Епл“: Компанијата најавува роботи и уреди за паметен дом
Роботи придружници, „живописна“ Сири, паметни звучници и домашни безбедносни камери ја обликуваат визијата за иднината на „Епл“...
14.08.2025

Нова гласовна технологија ќе го промени начинот на кој го користите вашиот ајфон
Новата Сири ќе управува со вашиот телефон само со глас - без допир! Дознајте какви новитети ќе донесе гласовната контрола во iOS 26 и што нè чека во иднина од „Епл“...
11.08.2025
И покрај тоа што „Епл“ гради сопствена технологија преку т.н. АФМ (Apple Foundation Models), компанијата истовремено тестира и модели на „Гугл“, вклучувајќи го Џеминај (Gemini), кој може да го движи системот за сумирање и планирање. Џеминај веќе е предаден на „Епл“ и се тестира на ПКК-сервери (Private Cloud Compute) на „Епл“, со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Интересно, „Епл“ првично водеше преговори со „Антропик“ / Anthropic (креаторот на Клод), но побарувањата за над 1,5 милијарда долари годишно го направиле договорот неисплатлив, пренесува „Блумберг“.
Овој потег е дел од поширокиот редизајн на Сири, со кодно име Линвуд (Linwood), кој предвидува дека асистентот ќе може да користи лични податоци и информации на екранот за попрецизни одговори и навигација. Дополнително, „Епл“ размислува и за самостојна ВИ-апликација за пребарување, а во игра е и нов тим наречен АКИ (Answers, Knowledge and Information), кој работи на развојот на овие решенија.
Новите функционалности се планирани како дел од оперативниот систем iOS 26.4, кој треба да биде објавен во март 2026 година. Првичната верзија – iOS 26 – се очекува да дебитира месецов заедно со лансирањето на ајфон 17 (iPhone 17), но големи ВИ-функции не се очекуваат веднаш.
Во 2026 година „Епл“ планира и агент заснован на ВИ за здравје, кој ќе биде дел од претплатничка услуга за велнес, како и дополнителна надградба на Сири за поразговорна интеракција на идни уреди за паметен дом.
По објавувањето на информациите, акциите на „Епл“ пораснаа за 3,8 отсто, достигнувајќи 238,47 долари – највисоко дневно зголемување во последниот месец.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...