text size
На крајот на 2021 година граѓаните располагале во просек со 1,9 трансакциски сметки по глава на жител. Притоа, сопствениците на сметките ги користат дигиталните услуги за пристап кај околу 43 проценти од сметките, додека пак електронски плаќања се извршуваат кај 17 проценти од сметките, покажуваат новите податоци на Народната банка.