Британскиот премиер Риши Сунак планира да одржи разговор во живо со Илон Маск по завршувањето на неговиот самит за вештачка интелигенција в четврток, давајќи му дополнителна тежина на настанот за кој Сунак се надева дека може да ја обликува регулацијата на новата технологија.
Премиерот во понеделникот објави за дискусијата со Маск на X - платформата за социјалнo вмрежување во сопственост на милијардерот. Соработниците на Сунак го промовираа настанот како доказ дека самитот планиран за среда и четврток добива на сила.
Тројца владини претставници на Обединетото Кралство рекоа дека очекуваат Маск исто така да присуствува на самитот во Блечли парк, иако Маск јавно не го потврди своето присуство. Ниту Маск, ниту претставниците на X и „Тесла“ (Tesla Inc.), каде тој е извршен директор, не одговорија на барањата за коментар.
Прочитај повеќе
Јапонски милијардер порачува: Разбудете се, прифатете ја вештачката интелигенција
Збирот на знаење што ќе го има вештачката интелигенција ќе биде десет пати поголемо од знаењето на целото човештво во рок од десет години
04.10.2023
„ЏП Морган“: Вештачката интелигенција ќе ја скрати работната недела на три и пол дена
Вашите деца ќе доживеат 100 години и нема да имаат рак поради технологијата, вели Џејми Дајмон.
03.10.2023
Вештачката интелигенција доаѓа на Инстаграм, Месинџер и Ватсап
Компанијата „Мета“ воведува функции за вештачка интелигенција (ВИ) во своите апликации.
28.09.2023
ВИ е бран голем колку и појавата на интернетот, вели шефот на „Мајкрософт“
Во 1995 година, Бил Гејтс испрати меморандум во кој го нарече интернетот „плимин бран“ што ќе биде клучен за секој дел од бизнисот.
23.08.2023
Жените позагрозени од мажите од воведувањето на вештачка интелигенција
Нов извештај на истражувачкиот оддел на консултантската компанија „Мекинзи“.
29.07.2023
Вештачката интелигенција го извади на виделина лицемерството на Холивуд
Овде лежи и една од причините за штрајкот на филмските работници.
22.07.2023
Сè што треба да знаете за чипот што предизвика бум на вештачката интелигенција
„Енвидија“ во мај објави експлозивна прогноза за продажбите, која ја одведе нејзината пазарна вредност над билион долари.
26.06.2023
Маск, најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата X, порано позната како Твитер, почна да се занимава со Велика Британија во последните неколку дена, велат упатените извори, барајќи да останат анонимни бидејќи се работи за приватни дискусии.
Неговото присуство ќе му додаде помпезност на самитот, за кој Сунак се надева дека ќе привлече лидери на најголемите светски сили, како и врвни технолошки директори. Меѓу светските лидери се очекува да присуствуваат италијанската премиерка Џорџа Мелони и американската потпретседателка Камала Харис.
Сунак го свика самитот во обид да започне со изготвување на меѓународен пристап за регулирање на вештачката интелигенција со цел заштита од некои од нејзините најлоши потенцијални употреби, вклучително и местење избори и можност терористите да шират уништување преку олеснување на создавањето на хемиско и биолошко оружје. Во говорот во четвртокот, Сунак исто така предупреди на „неверојатна“ егзистенцијална закана доколку човештвото ја изгуби контролата врз технологијата.
Во јули, Маск ја основа xAI, компанија за вештачка интелигенција одвоена од другите негови компании, но која сепак планира да работи заедно со нив, според објавата на официјалната веб-страница. Тој беше вклучен во создавањето на „Опен еј-ај“ (OpenAI), најпознатиот стартап за вештачка интелигенција и развивач на ЧетГПТ (ChatGPT), но откако го напушти одборот во 2018 година, ја критикуваше компанијата, особено откако таа создаде огранок за профит следната година.
Во септември, на состанок во Вашингтон тој рече дека е важно за вештачката интелигенција да има „судија“. Во март, беше еден од стотиците технолошки лидери кои повикаа на пауза во развојот на технологијата.
Бред Смит од корпорацијата „Мајкрософт“, поранешниот заменик-премиер на Велика Британија, Ник Клег, сега претседател за глобални прашања во „Мета“ (Meta Platforms) и Џејмс Маника и Демис Хасабис од „Гугл“ и „Дипмајнд“ (DeepMind Technologies Ltd.) се меѓу 100 гости од 28 земји за кои е најавено дека ќе учествуваат на самитот.