text size
Ретко се случува компјутерската компонента да предизвика бранувања надвор од технолошката индустрија. Но, кога „Енвидија“ (Nvidia Corp.) во мај објави експлозивна прогноза за продажбите, која ја одведе нејзината пазарна вредност над билион долари, ѕвезда на шоуто беше најновата компонента за графичка обработка, Х100 (H100). Новиот чип им покажува на инвеститорите дека вревата околу генеративната вештачка интелигенција - системи што можат да извршуваат широк опсег на задачи со супермоќна брзина - се претвора во реален приход, барем за „Енвидија“. Побарувачката за Х100 е толку голема што некои клиенти треба да чекаат дури шест месеци за да го добијат.