text size
Кина, Јужна Кореја и Виетнам се земји што во последните три месеци се соочија со сериозни хакерски напади, некаде на државни институции, некаде на приватни фирми, а целта иста – кражба на лични податоци. Загрозени беа милиони луѓе. Тоа јасно укажува дека никој не е безбеден ниту целосно заштитен во интернет-просторот. Ранливоста е сеприсутна, но што се презема за да се минимизираат ризикот и изложеноста во видокругот на хакерите?