text size
Изминатата 2022 година беше обележана со значително прифаќање на метаверзумот во светот на блокчејн и технолошката заедница. Дури и Марк Закерберг го смени името на технолошкиот гигант „Фејсбук“ во „Мета“. Без разлика на таа одлука, акциите на „Мета“ значително паднаа. Некои причината за тоа ја пронајдоа во падот на целиот пазар, додека други за погрешниот правец на бизнисот на „Мета“ го обвинија токму на метаверзумот.