text size
„Тесла“ и најголемите кинески производители на електрични возила, вклучувајќи го и БИД (BYD), ветија дека ќе ја одржат фер конкуренцијата и ќе избегнат „ненормални цени“ на најголемиот светски пазар на електрични возила. Тоа би можело да биде знак за можен крај на ценовната војна што ја зафати индустријата годинава. На кинескиот автофорум одржан во Шангај директорите на 16 производители на автомобили ветија дека ќе ги исполнат четирите точки од необврзувачкиот договор.