Инвестицискиот фонд на саудиската „Арамко“ одвои 100 милиони долари за инвестирање во стартапи со вештачка интелигенција, бидејќи сака да го забрза притисокот Саудиска Арабија да стане поконкурентна сила во глобалната вештачка интелигенција.
„Ваед венчрс“ (Wa’ed Ventures) назначи советодавен одбор составен од поранешни вработени од компании како „Мета“ (Meta Platforms Inc) и „Амазон“ (Amazon.com Inc.) за да ги истражи инвестициите во рана фаза во овој сектор. Парите ќе бидат распоредени во следните три години, велат од компанијата.
„Оваа инвестиција не само што ќе ги поттикне локалните претприемачи, туку и ќе ја поддржи локализацијата на глобалните таленти“, рече Анас Алгатани, вршител на должноста главен извршен директор на „Ваед“.
Прочитај повеќе
Како вештачката интелигенција ќе го промени готвењето?
Дали ВИ само ќе помага во готвењето и можеби ќе им биде врвен асистент на шефовите или ќе го има последниот збор во кујните?
26.10.2024
„Дојче телеком“ ќе откупува акции за две милијарди евра и ќе инвестира во ВИ
Акциите на „Дојче телеком“ годинава пораснаа за 25 проценти, а со поголема имплементација на ВИ ќе ја зголемува ефикасноста.
10.10.2024
Со вештачката интелигенција ќе биде возбудливо, но и опасно
Како да се искористат сите добри работи од вештачката интелигенција, а да се минимизираат ризиците?
11.10.2024
Таткото на вештачката интелигенција меѓу добитниците на Нобеловата награда
Еден од највлијателните академици во областа на вештачката интелигенција, Џефри Е. Хинтон, е награден со Нобеловата награда за физика.
08.10.2024
Инвестицискиот фонд на нафтениот гигант „Арамко“ вреден 500 милиони долари, го удвојува капиталот за вештачката интелигенција оваа година, бидејќи Саудиска Арабија има за цел да велзе на листата топ 15 земји за вештачка интелигенција. Фондот неодамна инвестираше 15 милиони долари во јужнокорејскиот производител на чипови „Ребелионс“ (Rebellions Inc.), а исто така се приклучи на круговите за финансирање на платформата за вештачка интелигенција „еј-ај експлејн“ (aiXplain) и фирмата „Тендерд“ поддржана од Питер Тил.
Стратегијата за вештачка интелигенција на Саудиска Арабија е да ја помине оваа деценија користејќи податоци и вештачка интелигенција за да ја поттикне агендата за економска диверзификација позната како Визија 2030 - а потоа да започне да се натпреварува на глобално ниво по 2030 година.
Земјата се натпреварува со Обединетите Арапски Емирати за инвестиции во вештачката интелигенција, при што и двете се тркаат во поставување скапи центри за податоци за да ја поддржат технологијата и да станат регионална технолошка суперсила.