Главниот извршен директор на „Опен еј-ај“ (OpenAI), Сем Алтман, во објава на платформата X го поздрави лансирањето на моделот Р1 (R1) на „Дипсик“ (DeepSeek).
Кинескиот стартап за ВИ, кој стана светски познат, понуди „импресивен модел, најпрво затоа што може да го понуди по таа цена“, напиша Алтман. Тој исто така го призна „Дипсик“ како конкурент и изјави дека „е многу охрабрувачки“ и дека „Опен еј-ај“ ќе го забрза лансирањето на некои од своите претстојни производи.
Прочитај повеќе
Дилема: Инвеститорите се прашуваат дали да инвестираат во „Енвидија“?
Пазарите не сакаат неизвесност, а „Дипсик“ го предизвика токму тоа.
28.01.2025
„Дипсик“: Сè што треба да знаете на едно место
Кодот на „Дипсик“ е отворен, што значи дека теоретски секој може да го присвои и да го дополни по сопствена желба.
28.01.2025
Што е кинеската „Дипсик“ и зошто го тресе светот на вештачката интелигенција?
„Дипсик“е основана во 2023 година од Лианг Венфенг, шеф на квантниот хеџ фонд „Хај-флаер“ (High-Flyer), управуван од вештачката интелигенција.
27.01.2025
Пазарите во црвено: Што се крие зад потресот на берзите?
„Дипсик“ ја доведе во прашање оправданоста за високите вреднувања на компаниите кои произведуваат опрема за центри за податоци поврзани со вештачката интелигенција.
27.01.2025
„Дипсик“, со седиште во градот Хангџоу, во понеделникот ги потресе светските берзи откако стана јасно дека популарноста на неговиот истоимен модел, создаден врз основа на нов начин на обука на вештачка интелигенција (ВИ), ја подрива претпоставката дека подобра вештачка интелигенција бара сè поголема компјутерска моќ. Се чини дека Алтман ја отфрли идејата дека идниот напредок на ВИ ќе биде поевтин и изјави дека неговиот тим во „Опен еј-ај“ верува дека „поголемата компјутерска моќ сега е поважна од кога било за успехот на нашата мисија“.
Тој исто така очигледно алудираше на следната цел - општа вештачка интелигенција.
Акциите на партнерот на „Опен еј-ај“, „Софтбанк“ (SoftBank Group), ги продлабочија загубите и во вторникот наутро во Токио паднаа за 4,7 проценти. Двете компании финансираат стартап вреден 100 милијарди долари за изградба на инфраструктура за „Опен еј-ај“ во САД.