text size
Економската и политичката ситуација во светот останува многу кревка и како резултат на тоа, пазарите продолжуваат со остри флуктуации. Централните банки како најважен играч во моментов ја заоструваат монетарната политика. ФЕД предвидува многу повисоки каматни стапки со цел да се задржи куповната моќ на потрошувачите. ЕЦБ прогнозира зголемување на каматните стапки во лето и во почетокот на есен. Така, негативните каматни стапки стануваат минато. Што значи тоа за банкарските депозити, останува да видиме, анализира Генерали инвестментс.