text size
Инфлацијата забави во регионот Адрија со оглед на тоа што цените се движат околу веќе покачените нивоа, констатираат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата регионална анализа објавена на „Блумберг Адрија инсајт“, во која меѓу другото се даваат прогнози за движењето на инфлацијата и за следните чекори на монетарните власти. Според нив, смирувањето на надворешните притисоци овозможи цените релативно да се стабилизираат во однос на претходните години. Имено, глобалните цени на енергијата и храната се пониски од една година претходно, што укажува на слаба увозна страна на инфлацијата.