text size
Со трговски дефицит од околу 1,8 милијарди евра во првите шесет месеци од годинава Македонија има најмал минус во надворешната трговија меѓу земјите од регионот Адрија (БиХ, Србија, Словенија,Хрватска). Сепак, тоа не значи дека нашата земја има најдобри резултати во тргувањето со странство. Иако сите земји се борат со трговскиот дефицит, убедливо најголем извоз и најголема покриеност на увозот со извоз во овој период има Словенија.