Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари - јули 2025 година, изнесува 4,70 милијарди евра, што е пораст од 3,2 проценти во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари - јули 2025 година изнесува 6,66 милијарди евра, што е за 2,7 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, деловите на седишта и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Прочитај повеќе

„Тему“ во Македонија: 250 тони за еден месец, небезбедни производи и нелојална конкуренција
Близу 40 отсто од стоката нарачана од „Тему“ не подлежи на давачки.
14.08.2025

Македонија „полуде“ по производи од Кина: Уриваме рекорди во увозот
Азискиот економски гигант од незначителен трговски партнер на Македонија стана редовен член на листата пет земји со кои нашата држава има најголема трговска размена.
12.08.2025
Во периодот јануари – јули 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со 47,3 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,4 проценти во вкупната размена.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...