text size
„Challenger“ (Челинџер) е иновативна мобилна апликација, која што сѐ повеќе зема замав и секојдневно ја зголемува својата популарност. Веќе има илјадници корисници, кои не ги губат залудно чекорите направени во текот на денот, или вртежите на велосипед, туку преку апликацијата користејќи ја својата физичка активност собираат поени, што потоа ги користат за да купат нешто или да добијат попуст во некоја од продавниците, партнери на Челинџер.