text size
Грег Абел, новиот извршен директор на „Беркшир Хатавеј“, ќе заработува годишна плата од 25 милиони долари, што е неколкукратно повеќе од 100.000 долари колку што неговиот претходник Ворен Бафет примаше со децении. Промената доаѓа откако Бафет (95) се повлече од функцијата извршен директор на крајот на декември 2025 година и од јануари оперативната лидерска позиција на компанијата му ја предаде на Абел, задржувајќи ја својата улога како претседател на одборот.