text size
Инвестициските фирми кои ги застапуваат најбогатите поединци од Северна и Јужна Америка, Европа и од Блискиот Исток вложиле милијарди долари во „Спејс еск“ (SpaceX), со што се потврди дека можат да се изборат за место во најатрактивните инвестициски проекти.
Семејната канцеларија на Ник Прицкер, наследникот на хотелскиот синџир „Хјат“ (Hyatt), на крајот на јуни држела инвестиција вредна 1,8 милијарди долари во „Спејс еск“, компанијата за ракетна технологија, сателити и вештачка интелигенција која ја основа Илон Маск. Вложувањето уследило само неколку недели по излегувањето на „Спејс еск“ на берза, покажуваат податоците што ги собрал „Блумберг“ врз основа на извештаите 13Ф кои инвеститорите редовно ги поднесуваат до регулаторното тело.
„Блукрест“ (BlueCrest Capital) на Мајкл Плат и финансиската династија Мореира Салес од Бразил пријавиле удели вредни повеќе од 100 милиони долари, додека инвестициската фирма на владетелот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, пријавила вложување од речиси 65 милиони долари во компанијата со седиште во Тексас, покажуваат американските регулаторни пријави.
Прочитај повеќе
„Енвидија“ има удел од 21 милијарда долари во „Спејс екс“ и 30 милијарди долари во „Интел“
Ова е првпат „Енвидија“ да ја објави вредноста на својот удел во „Спејс екс“ откако инвестираше во стартапот за вештачка интелигенција на Маск, „Екс еј-ај“, кој на почетокот на годинава беше припоен кон „Спејс екс“ пред излегувањето на компанијата на берза.
15.08.2026
Инвестициите на „Спејс екс“ во ВИ ја притиснаа првата добивка по ИПО-то
Првата квартална објава на „Спејс екс“ по историското ИПО донесе приходи над очекувањата, но и нова распродажба на акциите, поттикната од силните инвестиции во ВИ и идните ризици.
05.08.2026
Инвеститорите во „Спејс екс“ треба да се фокусираат на „Старшип“, а не на заработката
Инвеститорите не очекуваат кварталните резултати да ја променат приказната за „Спејс екс“. Наместо добивката, вниманието е насочено кон „Старшип“, проектот од кој зависи идниот раст на компанијата.
04.08.2026
Зошто акциите на „Спејс екс“ паѓаат по ИПО-то: Дали компанијата е преценета или ова е можност за купување?
„Спејс екс“ излезе на берза во средината на јуни по цена од 135 долари по акција и веднаш стана една од најследените компании на Волстрит.
23.07.2026
Повеќе од десет семејни канцеларии држеле вкупно најмалку 3,8 милијарди долари во компанијата во текот на првата половина на 2026 година, покажуваат пријавите. Некои од нив, вклучувајќи ги и „Тао капитал“ на Прицкер (Tao Capital) и династијата Мореира Салес, која стои зад една од најголемите бразилски банки, инвестираат и во „Тесла“, втората јавно котирана компанија од деловното царство на Маск.
Овие податоци првпат откриваат колку некои од највлијателните приватни инвеститори во светот вложиле во „Спејс еск“. Компанијата започна да котира на берзата на 12 јуни, откако изгради репутација на еден од најатрактивните стартапи во светот. Побарувачката за нејзината иницијална јавна понуда (ИПО), вредна 75 милијарди долари, беше над четири пати поголема од бројот на понудените акции. Цената на акцијата нагло порасна во првите денови на тргувањето, за до почетокот на август компанијата да изгуби повеќе од еден билион долари од пазарната вредност.
Истекувањето на забраната за продажба на акции овој месец, што им отвори можност на акционерите да ги намалат уделите, исто така претставуваше потенцијален ризик за цената на акцијата на „Спејс еск“. Сепак, се покажа дека станува збор само за краткотрајна турбуленција на берзата.
Тоа беше најголемата иницијална јавна понуда на акции (ИПО) во историјата, повеќе од двојно поголема од ИПО-то на саудискиот „Арамко“ (Aramco), вредно 29,4 милијарди долари, пред речиси десет години, а Маск благодарение на тоа стана првиот билионер во светот.
Бројот на семејни канцеларии, главно дискретни фирми кои управуваат со парите на ултрабогати поединци, значително порасна во последните две децении, паралелно со наглиот раст на богатството во технолошкиот, финансискиот и здравствениот сектор.
Бидејќи обично работат за еден клиент или мал број клиенти, овие фирми главно можат побрзо да носат одлуки и да инвестираат подолгорочно од институционалните инвеститори, поради што компаниите често настојуваат да ги привлечат како извори на финансирање. Нивниот голем капитал им овозможува и пристап до атрактивни инвестициски можности, како што е ИПО-то на „Спејс еск“, иако удел во компанијата можеле да стекнат и порано.
Меѓу останатите семејни канцеларии кои овој месец доставиле податоци за вложувањата во „Спејс еск“ се наоѓа и фирма која управува со имотот на најбогатата Австралијанка, Џина Рајнхарт. Таа во јуни изјави дека вложила значителна сума во компанијата на Маск, не наведувајќи ја вредноста на вложувањето. Нејзината инвестиција изнесувала речиси 1,4 милијарди долари, што е најголемата поединечна инвестиција на компанијата „Хенкок проспектинг“ (Hancock Prospecting Pty Ltd.) во американски акции.
Дејвид Томсон, наследникот на една од најголемите светски медиумски империи, на крајот на јуни имал удел во „Спејс еск“ вреден речиси еден милион долари преку својата приватна инвестициска фирма, покажуваат пријавите. Семејната канцеларија која управува со богатството на тајкунот од индустријата за бесцаринска продажба Алан Паркер исто така пријавила помал удел во „Спејс еск“, како и вложување од околу 475.000 долари во „Тесла“.
Менаџерите на имот кои управуваат со имот поголем од 100 милиони долари во американски акции се должни во рок од 45 дена од крајот на секое тримесечје да поднесат образец 13Ф, во кој ги наведуваат своите позиции во акции со кои се тргува на американските берзи. Овие пријави претставуваат еден од ретките увиди во начинот на кој хеџ-фондовите и некои големи семејни канцеларии ги инвестираат парите.
Меѓу останатите интересни детали од пријавите 13Ф за второто тримесечје се издвојуваат:
- Семејната канцеларија на Стенли Дракенмилер, ДФО (Duquesne Family Office), го зголемила уделот во компанијата ТСМ (Taiwan Semiconductor Manufacturing Co.), еден од најголемите светски производители на чипови.
- „Сорос ФМ“ (Soros Fund Management), инвестициската фирма на милијардерот Џорџ Сорос, го намалила уделот во „Амазон“, големата компанија за е-трговија и технологии во облак.
- „Апалуса“ (Appaloosa) на Дејвид Тепер пријавила нов удел вреден речиси 200 милиони долари во американскиот производител на авиони „Боинг“, како и помал удел во „Спејс екс“.