text size
Првата врска со Прага ја имал во 1998 година, кога од Скопје заминал на студии во чешката метропола. Македонецот Горјан Лазаров сега е еден од најуспешните хотелиери во овој град. Тој е главен извршен директор и менаџира со 19 хотели, кои во Прага работат под брендот ОРЕА, кој всушност е и најголем бренд во Чешка. Од ковид-кризата до актуелната енергетска и економска криза, го прашавме кои се клучните предизвици со кои се соочуваат сега, но и како менаџира и како гледа на ситуацијата во родната Македонија. Лазаров вели дека и во предизвикувачки времиња, мора да се негуваат клучните вредности, а хотелскиот бизнис секако ќе биде погоден и цените ќе се зголемуваат. Сепак, Лазаров има визија да го пресели ОРЕА и надвор од Чешка и да ги зголеми приходите.