text size
За време на искрен и топол разговор, сопственикот на ексклузивниот хотел „Шале Софија“ (Chalet Sofija), кој неодамна доби два клуча на „Мишелин“, сподели дел од својот необичен и богат животен пат. Светозар Распоповиќ-Попе има приказна што се памети. Роден во Србија, поточно во Војводина, а по потекло Црногорец, животниот пат го одвел до словенечко-италијанската граница, каде што работел како цариник, пред да стане еден од највлијателните создавачи на современата љубљанска кулинарска сцена.