text size
Илјадници работници во складиштата на „Амазон“ во околу 40 земји планираат да учествуваат во протести и штрајкови што ќе се совпаднат со распродажбата за црн петок, еден од најпрометните денови во годината за онлајн купувањето. Вработените во САД, Обединетото Кралство, Индија, Јапонија, Австралија, Јужна Африка и дел од Европа бараат подобри плати и работни услови додека се продлабочува кризата со трошоците за животот. Сето тоа ќе се одвива под мотото „Направи 'Амазон' да плати“ (Make Amazon Pay). Кампањата ја координира меѓународна коалиција на синдикатите, со поддршка од еколошки и граѓански здруженија.