Кога ќе се повлече линија, фискалните политики најмногу се насочени кон помагање на приватниот сектор во регионот, рече главниот аналитичар на „Блумберг Адрија“, Андреј Кнез.
„Сите влади во регионот со своите даночни одлуки дејствуваат против оваа кризна состојба. На пример, имаме зголемување на неоданочените приходи во Словенија, Хрватска и Србија. Од друга страна, Словенија оди со една дополнителна мерка која негативно влијае на потрошувачката, а тоа е оданочување на високата плата“, објасни тој.
Тој додаде дека Србија делумно го олеснува товарот за социјалните придонеси, а Македонија го одложува прогресивното оданочување.
Според него, даночното оптоварување на трудот е два до три пати поголемо во ЕУ и во еврозоната во споредба со регионот Адрија.
„Во регионот Словенија најмногу се потпира на даночното оптоварување на трудот и со тоа го компензира фактот што нема толку висока стапка на даночни приходи од ДДВ како што имаат некои други земји. Ниските стапки на оданочување на трудот се користат за привлекување инвестиции“, објасни тој.
„Треба да се има предвид дека инвестициите сè уште се привлекуваат преку овозможување стабилно регулаторно опкружување, така што даночните политики не се единствениот канал преку кој треба да се привлекуваат инвестиции. Демографијата е многу важна, а целиот регион бележи негативни демографски трендови во последните неколку години“, истакна тој.
За повеќе информации на оваа тема, погледнете го видеото.