text size
Последните неколку недели беа одбележани со зголемена загриженост за стабилноста на банките по банкротот на неколку големи играчи во светот. Банките, како и другите компании, можат да пропаднат, но банкарските системи денес се значително побезбедни од пред 15 години и веројатно побезбедни од кога било. Клучот е посеопфатна и построга регулатива, која, врз основа на рамката Базел 3, од почетокот на 2010-тите, дополнително го ограничи просторот за маневрирање на банките и бараше подобрување на корпоративното управување и информирање на сите засегнати страни за работењето на банките.