УБС (UBS Group AG) објави дека Серџо Ермоти се враќа на позицијата главен извршен директор, на местото на Ралф Хамерс, по нешто повеќе од две години откако тој е на чело. Банкарот ветеран на таа функција ќе го надгледува компликуваното преземање на „Кредит Суис“ (Credit Suisse Group AG).
Ермоти, кој е претседател на „Свис Ре“ (Swiss Re), повторно ќе ја преземе функцијата што ја извршуваше девет години по годишното генерално собрание следната недела, се вели во соопштението на банката објавено во средата. Хамерс останува со банката во текот на преодниот период.
УБС претходно месецов се согласи да го купи својот помал швајцарски ривал, откако „Кредит Суис“ ја загуби довербата кај инвеститорите, клиентите и другите банки. Првото спојување на две големи банки по повеќе децении изгледа дека ќе биде сложено, но нуди значителен потенцијал за проширување на бизнисот за управување со богатството на кој се фокусираше УБС.
Прочитај повеќе

Се повлекува банкарот чии коментари ги потопија акциите на „Кредит Суис“
Директорот на најголемиот акционер на „Кредит Суис“, чии коментари неодамна предизвикаа стрмоглав пад на акциите на швајцарската банка, се повлече од функцијата.
27.03.2023

„Кредит Суис“ се соочува со можни дисциплински постапки
Купувањето на „Кредит Суис“ од страна на „УБС“ со посредство на Владатата беше широко критикувано и од политичарите и од обичните граѓани во Швајцарија
26.03.2023

Волстрит ги олеснува условите за да преземе банкари од „Кредит Суис“
Компании како „Дојче банк“, „Ситигруп“ и „ЏП Морган Чејс“ се подготвени да вработуваат.
23.03.2023

Ловците на глави немаат мир од банкарите што бегаат од „Кредит Суис“
Се проценува дека може да бидат скратени 9.000 работни места.
21.03.2023
Хамерс „се согласи да се повлече за да им излезе во пресрет на новото спојување, швајцарскиот финансиски сектор и земјата“, се вели во соопштението на УБС.
Ермоти беше извршен директор од 2011 до 2020 година. За време на неговиот мандат, тој ги смени политиките на управување откако трговец измамник ја чинеше банката милијарди долари и го насочи заемодавецот подалеку од ризичното тргување и кон управувањето со пари.
Мисијата на Хамерс беше да ја внесе банката во дигиталната ера и компанијата да расте со поширока група на богати клиенти. Сепак, клучен дел од таа стратегија потона минатата година кога пропадна договорот за купување на американската компанија „Велтфронт“ (Wealthfront).