text size
„ТТК Банка“ во првото тромесечје од годинава оствари добивка од 16,4 милиони денари(265.000 евра), што е намалување во однос на истиот период минатата година кога добивката на компанијата изнесувала 30,5 милиони денари(496.000 евра), покажува неревидираниот биланс на успех на банката објавен преку Македонската берза.