Грчката малопродажна група „ВЕРО Холдинг“ (VERO Holding) ги откри плановите за проширување на своите операции во Србија и Македонија, вклучувајќи отворање нови продавници, аквизиција на земјиште и голема логистичка инвестиција, соопшти претседателот на компанијата, Никос Веропулос.
Терминалот на „Блумберг“, ја пренесе најавата на Веропулос дека компанијата ќе преземе објект од 4.000 квадратни метри на периферијата на српската престолнина на почетокот на 2026 година. Покрај тоа, „ВЕРО“ се стекнала со 20.000 квадратни метри земјиште во Србија, каде што планира да изгради логистички и дистрибутивен центар од 12.000 квадратни метри.
„Развојот на компанијата ‚ВЕРО‘ во Србија се базира на принципот на доверба бидејќи на своите полици и фрижидери ги става брендовите што ексклузивно ги увезува, што ѝ дава конкурентска и комерцијална предност“, рече Веропулос. Тој додаде дека компанијата бележи стапка на раст од 6,5 проценти на српскиот пазар.
Прочитај повеќе

Маржите одмрзнати, ќе нѐ „замрзнат“ ли новите цени?
Испитавме што се случува со цените во маркетите по одмрзнувањето на трговските маржи.
09.05.2025

Маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на интернет
Трговците ќе мора да ги означуваат и да ги објавуваат продажната и единичната цена за стоките, на недвосмислен, видлив, читлив и јасен начин.
25.02.2025

Бојкот, ограничени маржи, обвинувања: Цените пак високи
Владата најави дека ќе ги замрзне маржите на 10 отсто за сто групи производи, но под притисок на трговците во последен момент ја одложи одлуката
14.02.2025

Стартува акцијата за пониски цени на 900 производи во маркетите
Над 900 производи опфатени со акциската листа треба да се продаваат по пониски цени за 10 проценти.
15.12.2024
Во Македонија, „ВЕРО Холдинг“ ќе отвори нова продавница до крајот на 2025 година, а исто така обезбеди и земјиште за дополнителен објект. Компанијата планира да ја модернизира својата постоечка малопродажна мрежа во земјата во текот на 2025 и 2026 година.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...