Македонското Собрание на денешната 35. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто се очекува поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.
Со новите законски одредби, трговците ќе мораат да ги означуваат и да ги објавуваат продажната и единичната цена за стоките на недвосмислен, видлив, читлив и јасен начин, а со цел за подобра информираност на потрошувачот и за олеснување на споредливоста на цените. Исто така, трговците на мало (малите, средните и големите) се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите на своите веб-страници на дневна основа за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект. Законските измени предвидуваат и глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.
Ваков закон за заштита на потрошувачи неодамна беше донесен и во Хрватска. Според тамошниот закон, трговците ќе бидат обврзани редовно да ги објавуваат и ажурираат цените на сите нивни производи на нивните веб-страници и да овозможат непречен пристап до дигитални алатки кои ќе им даде на клиентите можност да ги споредуваат цените во реално време. Во Хрватска со измените на законот се пропишува и ограничувања на цените за клучните производи и услуги, како и јасно означување на производите со ограничени цени.
Прочитај повеќе

Пониски маржи и ДДВ нема да го решат проблемот со високите цени
Владата донесе одлука за ограничување на маржата од 5 до 15 отсто за над 1000 артикли
19.02.2025

СДСМ поднесе закон за укинување на ДДВ за храната и за намалување на ДДВ за струјата од 18 на 5 отсто
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска поднесе до Собранието предлог-закон, во кој бара намалување на данокот за струја од 18 на пет проценти и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи.
17.02.2025

Наша прогноза: Ќе паѓа цената на свинското, ќе расте на говедското месо
Очекуваме пониските цени на свинскиот труп наскоро да влијаат врз намалување на цените на свиснкото месо.
15.02.2025

Бојкот на маркетите и во Македонија: На цел регион му се смачи од поскапувања
По Хрватска, бојкот на маркетите в петок ќе има и во Србија, Црна Гора и во Македонија. Целта не е да се снабдите претходно со потребното, туку да го купите од мали продавници или пазари.
30.01.2025

Инфлацијата расте, на годишно ниво во декември поевтиниле само рибите
На годишно ниво цените на храната пораснале за над пет отсто
08.01.2025

Цените ги изедоа платите - со повеќе пари помалку купуваме
Просечното домаќинство троши околу 40 отсто од расположливиот доход на храна.
16.12.2024