Скопската компанија „Алкалоид“ во првото полугодие годинава оствари единечна нето-добивка од 15,3 милиони евра или за седум отсто повеќе во однос на истиот период лани. Консолидираната нето-добивка изнесува 13,9 милиони евра или 4 проценти повеќе од минатата година.
Компанијата соопшти дека вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари–јуни 2025 година изнесуваат 10 милиони евра.
Во периодот за анализа „Алкалоид“ оствари приходи во вкупна вредност од 116,9 милиони евра, што е за три отсто повеќе од остварените во истиот период во 2024 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, односно 94 проценти, имаат приходите остварени од продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2024 година бележат раст од 1 процент.
Прочитај повеќе

Значителен раст на добивката и 253 нови вработувања лани во „Алкалоид“
Странските пазари заземаат 68 проценти од вкупните консолидирани продажби на „Алкалоид“.
27.02.2025

„Алкалоид“ основа енергетска фирма: Ќе произведува струја во Гевгелија
Проектот предвидува изградба на фотоволтаична централа лоцирана во Гевгелија, со капацитет за производство на електрична енергија од околу 11.000 мегават-часови на годишно ниво.
13.12.2024

„Алкалоид“ вложува во истражувачко-развојна компанија во Јужна Кореја
Станува збор за инвестиција од милион долари за купување на малцински удел во „Рофибио“.
04.10.2024

„Алкалоид“ отвори компанија во Казахстан, планиран пробив во Азија
„Алкалоид Казахстан“ ДОО е прва подружница на компанијата во Азија.
27.09.2024

„Алкалоид“ ја зголеми добивката во првото полугодие од годинава
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат 679,6 милиони денари (11 милиони евра).
31.07.2024
Од друга страна, вкупните остварени консолидирани приходи во периодот јануари–јуни 2025 година изнесуваат 170,1 милиони евра или за 9 отсто повеќе од истиот период лани. Од вкупните консолидирани продажби, 34 отсто се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 66 проценти се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 28 отсто, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) 19 проценти, а во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 19 проценти од вкупните консолидирани продажби.
Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Холандија, кои се зголемени 6,6 пати, потоа во Австрија, каде што се зголемени 5,3 пати, во Шведска, каде што се зголемени 4 пати, на Јужна Африка, каде што се зголемени 3 пати, како и во Финска, каде што продажбите се зголемени 2,8 пати.
Инаку, на 1 април 2025 година, на Годишното собрание на акционерите, се одобрени пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2024 година во износ од 901.752 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2025 година започна исплатата на дивидендата во износ од 630 денари бруто, односно 567 денари нето за една акција. Дивидендата од акција за 2024 година е поголема за 16,67 отсто во однос на исплатената дивиденда од акција за 2023 година.
Во бизнис-планот за 2025 година се наведува дека треба да се инвестираат околу 8 отсто од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, да се оствари раст од 8 отсто на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2024 година, како и раст од 7 проценти на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2024 година.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...