„Керинг“ (Kering SA) се согласи да му го продаде својот козметички сектор на „Лореал“ (L’Oreal SA) како дел од долгорочен стратешки сојуз, при што извршниот директор Лука де Мео има цел да ја обнови успешноста на францускиот луксузен гигант.
Компанијата, која е сопственик на модни брендови, меѓу кои и „Гучи“ (Gucci), соопшти дека зделката има цел да го забрза растот.
Вредноста на зделката изнесува 4 милијарди евра (4,7 милијарди долари), сe наведува во соопштението на двете компании објавено синоќа.
Прочитај повеќе

Година за заборав за француските милијардери од луксузот
Бернард Арно, Франсоаз Бетанкур Мајерс и Франсоа Пино годинава изгубија околу 70 милијарди долари од нивното колективно богатство.
27.12.2024

Гигантите во луксузот изгубија 58 милијарди долари по завршувањето на пандемијата
Богатството на француските титани за луксуз и козметика се зголеми до невидени височини за време на пандемијата.
25.10.2024

Од „Гучи“ до „Ролекс“: Подемот и падот на луксузот во музиката
Некогаш имињата како „Гучи“, „Ролекс“ и „Луј Витон“ беа главни во текстовите на најпопуларните песни.
16.08.2025

Заборавете на Волстрит, во Италија владеат семејните фирми
Италијанскиот модел на семеен капитализам е особено присутен во модата и луксузните брендови.
04.06.2025

Највредните луксузни брендови во светот за 2024 година
Највредните луксузни брендови достигнаа десетици милијарди долари годинава, а меѓу нив доминираат француските.
12.12.2024
„Керинг“ го формираше својот козметички сектор во 2023 година. Истата година го презеде луксузниот бренд за парфеми „Крид“ (Creed) за околу 3,5 милијарди евра, со цел да ја изгради својата козметичка платформа, но оттогаш се соочува со посериозни предизвици.
Како дел од зделката, „Лореал“, најголемиот светски производител специјализиран за козметика и убавина, ќе ја додаде „Крид“ во своето портфолио.
„Обединувањето со глобалниот лидер во козметиката ќе ни овозможи да го забрзаме развојот на парфемите и козметичките производи за нашите водечки брендови, овозможувајќи им да постигнат поголем обем и да го ослободат својот огромен долгорочен потенцијал“, изјави Де Мео во соопштението.
Продажбата претставува прв стратешки потег на Де Мео, кој официјално ја презеде функцијата во септември, во време кога „Керинг“ се соочува со пад на побарувачката во Кина и со закана од зголемените царини во САД. Големиот долг на групацијата исто така предизвика загриженост кај инвеститорите.
Извршниот директор, кој го наследи Франсоа-Анри Пино, се очекува напролет да ја претстави својата стратешка визија. Семејството Пино е мнозински сопственик на „Керинг“ со 42 отсто удел и 59 отсто од правата на глас.