Производителот на електрични возила „Серес груп“ (Seres Group Co.) собра 14,3 милијарди хонгконшки долари (1,8 милијарда американски долари), со што акциите за своето влегување на пазарот во Хонгконг ги постави на највисоката цена што ја имаше планирано, дополнително зголемувајќи го обемот на понудата.
Компанијата од Чонгкинг, која соработува со „Хуавеј“ (Huawei Technologies), продаде околу 108,6 милиони акции по цена од 131,50 хонгконшки долари, според соопштението објавено во неделата. Тоа вклучува и дополнителни 8,4 милиони акции, кои ја зголемија понудата за околу 8,4 отсто.
Цената на акциите во Хонгконг е поставена со 22 отсто попуст во однос на цената на затворањето на акциите во Шангај минатиот петок, која изнесуваше 155,19 јени.
Акциите на „Серес“ што ќе бидат котирани во Хонгконг започнуваат со тргување в среда.
Ова е осмото котирање во Хонгконг оваа година, во кое се собрани повеќе од 1 милијарда долари. Вкупните приходи од листирањата во Хонгконг за оваа година веќе го надминаа очекуваното ниво од 26 милијарди долари, според процените на „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence) за 2025 година.
Основана во 1986 година, „Серес“ првично произведувала пружини и амортизери, потоа ја проширила својата дејност на мотоцикли, а сега се фокусира на електрични возила. Со партнерството со „Хуавеј“, компанијата има сериозен раст и се очекува годинава да забележи профитен пораст од 72 отсто, достигнувајќи рекордни 10,2 милијарди јуани, според процените на аналитичарите собрани од „Блумберг“.
ЧИК (China International Capital Corp.) и ЧГС (China Galaxy Securities Co.) се главни организатори на котирањето на „Серес“.