Акциите на „Контемпорари Амперекс Технолоџи Ко. Лтд.“ - КАТЛ (Contemporary Amperex Technology Co. Ltd. – CATL) пораснаа на своето деби на тргување во Хонг Конг откако кинескиот гигант за батерии ја заврши најголемата иницијална јавна понуда (IPO – од англиски: initial public offering) во светот оваа година со собирање 35,7 милијарди хонгконшки долари (4,6 милијарди САД долари) и покрај тоа што беше ставена на црната листа на Пентагон и се бореше со геополитички бури.
Акциите на КАТЛ, како што е познат најголемиот производител на батерии за електрични возила, се искачија за дури 14 проценти на 299,80 хонгконшки долари од 10:20 часот наутро. Иако акциите на кинеските компании од Хонг Конг обично се тргуваат со попуст во однос на оние на копното, на КАТЛ скокнаа над цената на акциите во Шенжен, каде што паднаа.
За инвеститорите, привлечноста за купување акции од блучип компании кои се на чело на технологијата за електрични возила ги надмина ризиците од заглавување во тековните турбуленции во кинеско-американските односи. Успехот на понудата на акции, која може да се зголеми на 5,3 милијарди долари доколку КАТЛ ја искористи опцијата за тоа, самостојно ги удвои приходите на берзата во Хонг Конг од јавните понуди оваа година и би можело да ги охрабри другите компании да излезат на берза.
Прочитај повеќе

Новите петминутни полначи на БЈД донесоа рекордна цена на акциите
Акциите на БЈД се искачија до рекорд откако кинеската компанија претстави серија ЕВ за кои вели дека може да се полнат речиси исто толку брзо колку што е потребно за полнење гориво на обичен автомобил.
18.03.2025

Како се изјалови големата европска надеж за батерии за електрични возила?
Шведски „Нортволт“ долго се сметаше за европски конкурент на кинеските гиганти за батерии, а сега бизнисот се бори за опстанок по низата оперативни грешки.
08.10.2024

„Нортволт“ поднесе барање за банкрот со долг од 5,8 милијарди долари
„Нортволт“ поднесе барање за заштита од банкрот во САД по неуспешниот обид да обезбеди спасувачко финансирање.
22.11.2024
КАТЛ е „вистински шампион кој овозможува енергетска транзиција, симбол на успехот на Кина како глобален зелен лидер“, рече Карин Хирн, партнер во „Ист Кепитал Груп“(East Capital Group).
Со цена од околу 17 пати поголема од тековната заработка по акција, акциите на КАТЛ имаат простор да пораснат за 50 проценти, поттикнати од силната заработка и атрактивните проценки, изјави Џонсон Ван, раководител на истражување за кинеската индустрија во „Џеферис“ (Jefferies) во Хонг Конг.
„Се купува без многу размислување“, рече Ван.
КАТЛ испорачува батерии на врвни клиенти како што се „Тесла“ (Tesla Inc.), „Фолксваген“ (Volkswagen AG), „Форд“ (Ford Motor Co.) и „Мерцедес“ (Mercedes-Benz Group AG). Според „СНЕ Рисрч“ (SNE Research), има пазарен удел од околу 38 проценти кај батериите за електрични автомобили, што е убедливо над својот најблизок конкурент, водечкиот производител на електрични возила „БЈД“ (BYD Co.), кој има удел од 17 проценти.
Блумберг
Компанијата со седиште во Нинџде, Фуџијан, минатата година оствари продажба од 50 милијарди долари и нето добивка од 7 милијарди долари. И планира да продолжи со тоа - неодамна претстави батерии кои можат да полнат 520 км (323 милји) опсег за 5 минути и до 1.500 км со целосно полнење.
Финансирањето, од кое поголемиот дел е за проширување во Европа во вредност од 7,6 милијарди долари, ќе се искористи за поттикнување на нејзиниот раст надвор од Кина, каде што маржите на профит се поголеми.
Нејзиниот континуиран раст ги збогати нејзините основачи, врвни инвеститори и директори, правејќи ги едни од најбогатите луѓе во светот. Четири кинески бизнисмени, вклучувајќи го и претседателот Робин Зенг, собраа вкупно богатство од повеќе од 73 милијарди долари - главно добиено од нивните удели во компанијата - според бројките на индексот на милијардери на „Блумберг“ од понеделникот.
„Оваа излистување означува наша подлабока интеграција во глобалните пазари на капитал и означува нова пресвртница во нашата мисија да ја водиме глобалната економија со нула јаглерод“, рече Зенг на церемонијата на берзата во Хонг Конг.
Подемот на КАТЛ не дојде без пречки. Компанијата беше ставена на црната листа на Пентагон во јануари врз основа на наводи за врски на КАТЛ со кинеската војска - нешто што компанијата постојано го негираше. Во април, американскиот конгресен комитет јавно ги повика „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.) и „Банката на Америка“ (Bank of America Corp.) да престанат да работат на ИПО-то поради наводните воени врски на КАТЛ, што повторно беше негирано од компанијата. Но, двете американски банки останаа со договорот.
Менаџментот на кинеската компанија изјави дека КАТЛ очекува „мало влијание“ од ризикот од американските царини. Тоа е во спротивност со растечкиот список на производители на автомобили, од „Тојота“ (Toyota Motor Corp.) до „Стелантис“ (Stellantis NV) и ЏМ (General Motors Co.), кои предупредуваат на милијарди дополнителни трошоци.
КАТЛ ги процени своите акции во Хонг Конг на 263 хонгконшки долари по парче - помал попуст во однос на акциите што се тргуваат во Шенжен, во споредба со претходните котации: производителот на апарати за домаќинство „Мидеа“ (Midea Group Co.) минатата година ги продаде своите акции на котацијата во Хонг Конг вредна 4,6 милијарди долари со попуст од околу 20 проценти, додека „Чајна Туризм Груп“ (China Tourism Group Duty Free Corp.) го стори тоа со попуст од околу 27,5 проценти во 2022 година. Во поширока смисла, акциите во Хонг Конг обично се тргуваат со попуст од 25 проценти во однос на нивните акции на копното, според индексот Hang Seng Stock Connect China AH Premium.
„На луѓето им се допаѓа фактот што сега можете да добиете пристап до една од најдобрите компании во Кина без да мора да одите на акции од А-категорија“, рече Јуџин Хсијао, раководител на стратегијата за акции во Кина во „Макквери кепитал“ (Macquarie Capital). „Мислам дека затоа не мораа да излезат со огромни попусти. Тие знаеја дека побарувачката е таму.“
КАТЛ ќе биде најновата фирма што ќе продолжи со продажба на акции по широкото воведување на царините од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Дури и пред последната 90-дневна пауза на многу од царините, многу кинески компании продолжија со своите планови за котирање бидејќи бараа пари од инвеститорите. Понудата на акции на КАТЛ ќе му помогне на пазарот за котирање во Хонг Конг оваа година да порасне на над 22 милијарди долари, според „Блумберг Интелиџенс“.
— Со помош од Дени Ли, Филипе Пачеко, Дејв Себастијан, Кевин Дхармаван и Сабрина Мао