text size
Доаѓа ли период на будење на кинескиот пазар на капитал, кој подолг период е подзаспан и е далеку од перформансите на западните пазари на кои главните берзански индекси во изминатиов период уриваа рекорди е прашање што добива на значење меѓу инвеститорите во светот. Главните дилеми се дали сега е правиот момент и во кои кинески компании да се инвестира за да се оствари добивка од евентуален раст на нивната вредност во иднина. Со оглед на тоа што станува збор за економија што е во тесна зависност од државните политики, многумина го очекуваа завршувањето на годинешното заседание на кинескиот Народен конгрес, но освен целта за економски раст од пет проценти во 2024 година и издавањето ултрадолги државни обврзници, од овој настан не произлегоа конкретни чекори што би ја вратиле довербата на инвеститорите во кинеската економија, која е втора по големина во светот.