Биткоинот е веста на неделата. Се движи кон најлошиот месец од колапсот на криптовалутите во 2022 година, криптопазарот избриша билион долари, а тонењето продолжува. Трговците се сè поубедени дека биткоинот ќе падне до 80.000 долари. Криптовалутата беше предводник и на глобалната распродажба на берзите, а акциите паѓаа и во очекување на резултатите на „Енвидија“, кои се судираат со пазар што стравува од трошоците за вештачката интелигенција. Сепак, позитивната прогноза на „Енвидија“ ги смири стравувањата од ВИ-балон.
Неделава ја обележи и планот од 28 точки на американската администрација за завршување на војната во Украина. Со планот на Трамп, Крим, Луганск и Донецк ќе бидат руски, а Украина ќе остане надвор од НАТО. Аналитичарите велат дека планот на Трамп ги исполнува главните барања на Москва. Паралелно со објавувањето на мировниот план, стапија во сила американските санкции за руската нафта: 48 милиони барели заглавени на отворено море, а стравот од санкциите привремено ги кочи испораките на руска нафта кон Кина. „Блумберг“ анализираше како санкциите на Трамп го блокираат руското влијание на Балканот, а ЕУ размислува за нови санкции за руската тајна флота.
Прочитајте повеќе:
Седум предизвици што ќе ја обликуваат македонската економија и во 2026 година
Што планираат македонските компании котирани на берзата?
Документите за Епстајн повторно беа во фокусот, откако американскиот претседател одобри да бидат објавени, а Конгресот и Сенатот го изгласаа законот за нивно објавување. Властите имаат рок од 30 дена да ги објават документите, а ексминистер за финансии на САД и професор на „Харвард“ се повлече од јавниот живот поради врските со обвинетиот за секс-трговија со малолетници.
Анализиравме дали вештачката интелигенција ќе има позитивен нето-економски резултат? Проверивме кои професии никако не можат да бидат засегнати од ВИ. Ви ја откривме инвестициска стратегија што им пркоси на шоковите - портфолио „all weather“.
Нашата анализа покажа дека македонските акционери се главно пензионери, а понудивме преглед на најуспешните банкарски акции во Македонија, проверивме и што ја кочи македонската стартап-сцена.
Ви донесовме сторија за македонска компанија што извезува играчки до големите трговски синџири во светот, додека основната храна што некогаш ја произведуваме во изобилство сега ја увезуваме.
Предизвик за домашната економија останува дупката во ПИОМ. Постепено зголемување на границата за пензионирање е еден од клучните лекови, според експертите.
Прочитајте повеќе:
Роблоксманија - милиони деца во недоволно безбеден интернет-простор
Регионот ги надмина глобалните индекси! Што донесоа петте години од регионалните ЕТФ-ови
Анализиравме кој ја уби европската автомобилска индустрија и како Германија од лидер во овој сектор стигна до точка да се подготвува за војни во вселената.
Во фокусот беше и кризата во билатералните односи меѓу Кина и Јапонија. Јапонија ја разбесни Кина, која се закани за економски мерки.
Неделава тешко ни падна поразот од 7:1 што македонските фудбалски репрезентативци го доживеаја од Велс. Сега надеж за СП во 2026 година гледаме во бараж-натпреварот против Данска. Анализиравме и како кон спортот се однесуваат поголемите. Како Франција произведува шампиони наместо да ги чека, додека Јувентус продаде акции за речиси 98 милиони евра.