text size
Една од најнаградуваните винарници во светот, прва во регионот што веќе две години подготвува свој ЕСГ-извештај, лидер во иновации и зелена технологија за намалување на јаглеродниот отпечаток, лидер и кога станува збор за дигитализација и примена на алатки со вештачка интелигенција (ВИ) што помагаат за оптимизација на производството и максимизирање на квалитетот. Не раскажуваме за некоја далечна интернационална компанија што произведува вино, ја пренесуваме приказната на домашната, македонската винарска визба „Тиквеш“.