Илон Маск сака „Опен еј-ај“ (OpenAI Inc) и „Мајкрософт“ (Microsoft) да му исплатат отштета во опсег од 79 милијарди до 134 милијарди долари поради неговите тврдења дека компанијата за генеративна вештачка интелигенција го измамила со тоа што ги напуштила своите непрофитни корени и се здружила со софтверскиот гигант.
Адвокатот на Маск детално го изнесе барањето за отштета во судскиот поднесок во петокот, еден ден откако федерален судија го отфрли конечниот предлог на „Опен еј-ај“ и „Мајкрософт“ да избегнат судење пред порота закажано за крајот на април во Оукленд, Калифорнија.
Повикувајќи се на пресметки од финансискиот економист и експерт сведок, Ц. Пол Вазан, во поднесокот се вели дека Маск има право на дел од моменталната проценка на „Опен еј-ај“ од 500 милијарди долари, откако бил измамен за 38 милиони долари почетни пари што ги донирал на „Опен еј-ај“ кога помогнал во основањето на стартапот во 2015 година.
Прочитај повеќе
Контроверзни слики од Грок ја шокираа јавноста, удар за платформата на Маск
Откријте што следува за платформата на Маск и како тој реагира на жестоките обвинувања.
09.01.2026
Во 2025. најбогатите заработија рекордни 2,2 билиони долари, но кои се најголемите губитници?
Најбогатите 500 луѓе во светот минатата година додадоа рекордни 2,2 билиони долари на своето заедничко богатство...
06.01.2026
„Тесла“ веќе не е најголемиот продавач на електрични возила
Испораките паѓаат втора година по ред, со силен пад во Европа и Кина.
06.01.2026
Нов вртоглав рекорд на богатството на Илон Маск
Кога беше додаден на индексот на милијардери на „Блумберг“ во мај 2013 година, Маск имаше вредност од само 4,8 милијарди долари, а сега е на пат да стане првиот билионер во светот.
16.12.2025
„Исто како што еден ран инвеститор во стартап компанија може да оствари добивки многу поголеми од почетната инвестиција на инвеститорот, така и незаконските добивки што ги заработиле ‚Опен еј-ај‘ и „Мајкрософт“- и кои г-дин Маск сега има право да ги повлече - се многу поголеми од почетните придонеси на г-дин Маск“, напиша адвокатот на Маск, Стивен Моло.
Маск го напушти одборот на „Опен еј-ај“ во 2018 година, ја основа својата компанија за вештачка интелигенција во 2023 година и започна судска битка во 2024 година со Сем Алтман околу плановите на соосновачот и извршен директор на „Опен еј-ај“ да ја води компанијата како профитен бизнис. „Опен еј-ај“ и „Мајкрософт“ ги негираа неговите обвинувања.
„Тужбата на г-дин Маск продолжува да биде неоснована и дел од неговиот тековен модел на вознемирување, и со нетрпение очекуваме да го демонстрираме ова на судењето“, се вели во соопштението на „Опен еј-ај“. „Ова најново несериозно барање е единствено насочено кон продолжување на оваа кампања за вознемирување.“
„Опен еј-ај“ ги предупреди инвеститорите да очекуваат Маск да изнесе тврдења што привлекуваат внимание додека правната битка се движи кон судење.
„Мајкрософт“ одби да коментира.
„Опен еј-ај“, производителот на ЧетГПТ (ChatGPT), го објави своето реструктуирање во октомври. Во тоа време беше соопштено дека му дале 27 проценти од сопственичкиот удел на својот долгогодишен поддржувач „Мајкрософт“ во транзиција што ќе го задржи непрофитниот огранок на стартапот под контрола врз неговите профитни операции.
Алтман ја осуди тужбата на Маск со која се оспорува реструктуирањето на „Опен еј-ај“ како оружје на правниот систем за забавување на конкурентот.
Вазан, вештакот, го пресмета барањето за отштета со комбинирање на финансиските и немонетарните придонеси на Маск, вклучувајќи технички и деловни совети, за „Опен еј-ај“, според поднесеното барање. Тој пресметал дека незаконските добивки изнесуваат од 65,50 милијарди до 109,43 милијарди долари за „Опен еј-ај“ и од 13,30 милијарди до 25,06 милијарди долари за „Мајкрософт“.
Во поднесеното барање на Маск се вели дека тој, исто така, планира да бара казнена отштета.
— Со помош од Ширин Гафари и Броди Форд