text size
Библиската приказна за Давид и Голијат стана поактуелна од кога било во меѓународните финансиски и технолошки кругови во последниве години. Приказната за тоа како Евреите се плашеле од филистејски воин со импозантна височина, кого храбриот еврејски овчар по име Давид го предизвикал на борба и, и покрај неговата неспоредливо помала физичка сила, го поразил преку моќта на неговата решителност и промисленост, изгледа како документарна репортажа за состојбата на работите меѓу финансиските институции. Традиционалните банки и банкарски системи се арогантниот огромен Голијат во оваа приказна. Необанките и другите финтек-компании се тој безобразен мал Давид, кој го мава со камен финансискиот гигант со намера да го удри меѓу очи и да го собори на земја.