text size
„Блекаут челинџ“ (blackout challenge) е еден од многу опасните предизвици што вирално се шири меѓу младата „Тикток“ популација. Се работи за страшна игра што ги предизвикува децата ширум светот да се гушат со предмети од дома се’ додека не се онесвестат, снимајќи го адреналинот што го добиваат додека им се враќа свеста, а потоа видеоснимките ги поставуваат на социјалната мрежа. Се работи за модерна инкарнација, што постои со години, само што сега силните алгоритми на социјалните мрежи ова го испорачуваат до децата и допираат до тие кои се премали за целосно да го разберат ризикот. Резултатот, погодете, е неколку смртни случаи на мали деца низ светот и тоа, за жал, на возрат почнувајќи од дури пет години па нагоре.