text size
Од монетизација буквално на сė за да се заработи што е можно повеќе, новите генерации (особено генерацијата зед и милениумците) го оставаат материјалното како споредна работа, а се преориентираат на други приоритети, дружба и патување за минимум или дури и без пари. Освен што постојано расте популарноста на приватното сместување со изнајмување станови, дел од куќа или стан, дури и само соба во рамките на некој дом, денес сė поголем замав земаат другите форми на сместување, како што се „одење на гости“, замена на станови или угостување луѓе што ќе се грижат за вашиот дом додека ве нема. И сето тоа е бесплатно, а најмногу благодарение на технологијата.