text size
Откако ЕЦБ на последната седница ја подигна основната каматна стапка, очекувањата се дека истото тоа ќе го направи и Народната банка на Македонија. Иако целокупната инфлација во земјава постепено забавува, сегашниот ефект на монетарната трансмисија не ја забави целосно инфлацијата, особено во делот на инфлацијата на храната и пијалаците, велат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. До крајот на оваа недела се очекува Фед и поголемиот дел од светските централни банки да носат одлуки за каматните стапки.