text size
Како „бомба“ одекна во Македонија веста дека во март годинава е исплатена просечна нето плата која надминува 30.000 денари. Или барем така ја доживеаја тие кои сакаа да слушнат дека е исполнето едно од клучните ветувања на актуелната владеачка гарнитура. Според Државниот завод за статистика просечната нето плата во Македонија во март изнесува 31.080 денари или 505 евра. А немаше кој не го прераскажуваше дотогаш неисполнетото ветување кое сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев го даде во 2017 година кога рече дека просечната плата во Македонија ќе достигне 500 евра. Во април, пак платата дополнително порасна. За 10,9 отсто е повисока во однос на истиот месец лани, или во април просечна исплатена нето плата во земјава е 511 евра.