text size
Владата нa вчерашната седница го усвои предлог-буџетот за 2024 година во кој се планирани вкупни приходи од пет милијарди евра, што е за 10 проценти повеќе во однос на 2023 година. Расходите се планирани на ниво од околу 5,5 милијарди евра, што е за 5,8 проценти повеќе во однос на годинава. Извесно е дека овие проекции тешко ќе се остварат со оглед на тоа што се базирани на амбициозни очекувања за раст на економијата од 3,4 проценти. Поради тоа, веројатно е дека повторно ќе бидеме сведоци на ребаланс.