text size
Македонија постигна одреден напредок и е на добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија, но зборовите „умерен“, „бавен“ и „ограничен“ доминираат при оценувањето за исполнувањето на економските критериуми во новиот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата земја во евроинтегративниот процес. Меѓу главните забелешки се бавниот напредок во спроведувањето пошироки мерки за подобрување на управувањето со јавните инвестиции, пречките што ги предизвикува сивата економија, бавниот напредок во рационализацијата на парафискалните давачки и нетранспарентноста при доделувањето државна помош.