Првите исплати од Европскиот план за раст нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година. Според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК), плаќањата нема да се вршат пред средината на оваа година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
„Европската комисија сега ги финализира процедуралните чекори, што треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни исплати се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, откако ќе се исполнат соодветните услови“, се наведува во писмената реакција од таа институција.
Како што објаснуваат упатените, проблемот е во тоа што земјите од регионот треба да постигнат договор за заем со Европската унија, бидејќи едни финансиски средства се во форма на заеми, а други во форма на грантови. А таквите договори имаат карактер на меѓународни договори и затоа мора да бидат ратификувани од парламентите на тие земји.
Прочитај повеќе

Сите 11 точки за регион без вето, гранични чекања и работни дозволи: Или?
Лидерите на земјите од Западен Балкан усвоија заедничка изјава во која се содржат детали за договореното.
22.01.2024

Поставени рокови за Планот за раст од ЕУ, на Македонија и следуваат 860 милиони евра
Првичните елементи на реформските агенди треба да бидат испратени до ЕК во текот на наредниот месец.
23.11.2023

Тешко до милијардите од ЕУ со нивните услови и нашата „способност“
Треба да се има предвид дека треба време за да се спроведат предвидените постапки, па да се создадат услови за повлекување средства од инструментот
15.11.2023

Клучот до милијардите од ЕУ
Дали планот за раст и предвидените средства реално отвораат можност за брз воз кон ЕУ?
29.11.2023

Министри од регионот во Скопје ќе преговараат за планот на ЕУ за раст на Западен Балкан
Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан е опишан како подадена рака кон земјите од регионот со цел да се создададат поволни економски услови.
09.11.2023
„Изгледа дека овојпат ЕУ е поподготвена да изврши плаќања од овој пакет отколку што се подготвени да ги добијат земјите од регионот“, изјави извор од Брисел за РСЕ.
Од Европската комисија нема прецизно објаснување во која фаза е секоја земја од регионот во однос на обврските неопходни за започнување на плаќањата.
„За да започнат реформите, земјите може да побараат до 7 отсто од предфинансирањето од вкупниот износ предвиден со овој инструмент (од првичниот индикативен износ на финансирање што е достапен за секој корисник). Ова го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди (освен Босна и Херцеговина, која се уште не доставила)“, се наведува во одговорот на Европската комисија.
За да може да добие финансиска помош од Планот за раст, од секоја земја во регионот се бараше да развие реформска агенда која потоа беше одобрена од ЕК. Босна и Херцеговина е единствената земја која нема одобрена агенда бидејќи Сараево до Брисел достави нецелосен документ кој не ги исполнува критериумите на ЕК.