text size
Земјите од Западен Балкан ќе треба да вложат решителни напори за унапредување на домашната реформска агенда и за зајакнување на економската интеграција во регионот доколку сакаат да ги отклучат шесте милијарди евра предвидени со новиот план за раст што неодамна го презентира Европската комисија (ЕК). Така пишува во документот што го објави комисијата. Со други зборови, за да дојде до дел од овој сладок европски колач, секоја од земјите од Западен Балкан ќе треба самостојно да работи на реформите на внатрешен план, но и сите заеднички ќе треба да работат на подобрување на регионалната соработка.