text size
Нема да биде лесно да се дојде до милијардите од Европската Унија, заклучуваат познавачите коментирајќи го Планот за раст што неодамна го презентира Европската Унија. Наши соговорници тврдат дека земјите од Западен Балкан ќе треба да вложат решителни напори за унапредување на домашната реформска агенда и за зајакнување на економската интеграција во регионот доколку сакаат да ги отклучат овие шест милијарди евра.