Владата на аукција на државни записи и обврзници, закажана за 9 април годинава, ќе бара од инвеститорите заем во вкупен износ од 78 милиони евра. На аукцијата ќе се понудат едногодишни државни записи во износ од 56,9 милиони евра со каматна стапка од 3,8 проценти. Истовремено, ќе се понудат и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 16,2 милиони евра и камата од 5,6 проценти, како и 15-годишни државни обврзници со евроклаузула во износ од 4,8 милиони евра со камата од 5,35 проценти.
Добро утро, подолу петте вести што ги издвоивме за почеток на денот.
И зградите останаа без пасоши, енергетските контролори немаат лиценци
Европската унија неодамна ја усвои директивата за енергетска ефикасност на зградите според која во периодот кој следи треба да се изврши реновирање на старите згради. Целта е објектите да станат енергетски ефикасни во правец на исполнување на климатските цели за нулта емисија на јаглерод диоксид.
Трошокот за овој потфат се проценува на околу 275 милијарди евра годишно затоа што според анализите треба да се интервенира кај сите згради кои се градени пред 2000 година, а такви се околу 85 отсто од објектите на стариот континент. За нив е предвидено да ги намалат штетните емисии за 60 отсто до 2030 година. Изборите се причина земјава да се наоѓа во тешка ситуација кога се работи за исполнување на обврските кои ги налага Законот за енергетска ефикасност.
Како да го намалите загадувањето само со еден клик?
Во време кога аерозагадувањето во повеќето македонски градови е алармантно, група ентузијасти развиваат иновативни методи што носат позитивни промени во општеството. Нивната цел не е само да ја издигнат еколошката свест туку и да понудат конкретни алтернативи.
Сте слушнале ли за банка за дрвја? Знаете ли дека можете да бидете наградени ако пешачите или возите велосипед? Имате ли воопшто претстава кои бизниси кај нас се зелени и општествено одговорни? Одговорите ги дознавме само со неколку клика. Ако веќе планирате да го резервирате вашето следно патување, добро е да знаете дека во исто време можете да помогнете и во борбата против енормното загадување во Македонија, и тоа без дополнителни трошоци. Како?
Анкета на НБРМ: Инфлација од 4,1 проценти во 2024 година
Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП за периодот 2024 ‒ 2026 година, спроведена во март од страна на Народната банка покажува надолна ревизија на очекувањата за просечната стапка на инфлација, без позначителни промени во очекувањата за растот на БДП.
„Економските аналитичари ги поврзуваат ваквите очекувања пред сѐ со постепеното забавување на растот на цените во последниот период, додека најголемите ризици се поврзуваат со воениот судир во Украина, но и конфликтот на Блискиот Исток, при што нагласуваат дека сѐ уште постои висок степен на неизвесност околу текот на идните случувања“, наведуваат од Народната банка.
Американската влада направи трансфер на биткоини вредни две милијарди долари
Неодамнешната нестабилност и корекција на цените на пазарот на криптовалути поттикнаа активност меѓу влијателните криптопаричници, со трансфери на средства и значителни ликвидации. По неколку месеци стоење во место и одржување статус кво, некои од најголемите сопственици на биткоин решија повторно да се активираат, привлекувајќи внимание со своите потези.
Меѓу активните учесници е и Владата на САД, која е еден од најголемите сопственици на биткоини и има учествувано во значителни трансфери на средства. Ова отвори прашања за причините поради кои САД го преместуваaт „дигиталното злато“.Според најновите податоци од „Аркам“ (Arkham Intelligence) забележително е значително зголемување на активноста во паричникот означен како „Влада на САД: Запленети средства од Силк роуд ДОЏ“, кој има над 30.100 биткоини.
Фед фрла долга сенка: Може ли ЕЦБ независно да одлучува за кратењата?
Европската централна банка (ЕЦБ) инсистира да не прифаќа никакви индикации од Федералните резерви (Фед) за тоа кога треба да започне со намалување на каматните стапки. Сепак, нејзиниот понатамошен пат може да биде обликуван од она што се случува во САД.
На трендовите што ја поттикнуваат најголемата светска економија обично не им треба долго да се прелеат во други региони, што влијае на условите за финансирање и на девизните курсеви речиси веднаш, а потоа и на инфлацијата, трговијата и другите показатели. Затоа, креаторите на политиката во другите светски региони не можат вистински да ја избегнат позицијата на Фед кога ја проценуваат судбината на своите економии.