Какви се најновите трендови во автомобилската индустрија, со посебен осврт на пазарот на електрични автомобили, ќе можете да прочитате во вторник, во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено, ги презентираме резултатите од нашата анкета на прашањата дали е време да се купи нов или употребуван автомобил или е подобро да се причека.
Истражуваме дали во Македонија има некаква евиденција на лицата што работат како фриленсери, дали тие плаќаат данок и какви се механизмите за контрола во овој сектор. Анализираме какви обврски носи новата европска регулатива за оданочување на мултинационалните компании и дали има компании во Македонија што ќе подлежат на новите даноци.
Во изминатиов период има рекорден раст на цената на бакарот. Со оглед на тоа што станува збор за метал што се користи како ресурс во производството во повеќе индустрии, анализираме какви последици ќе има во глобалната и во домашната економија од новите ценовни трендови.
Откако инфлацијата доживеа рекорден раст во последниве две години, светот и Македонија сè уште се борат да ја симнат на посакуваното ниво од два процента. Анализираме колку беше оправдан порастот на цените на одредени производи и услуги и зошто нема намалување, иако во меѓувреме има драстичен пад на цената на енергентите и нормализирање на состојбата во синџирите за снабдување, кои беа главни причини за поскапувањата.