„Опен еј-ај“ (OpenAI) е на пат да генерира 3,4 милијарди долари годишен приход, изјавил извршниот директор Сем Алтман на персоналот на компанијата. Ова се првите достапни информации за нивото на приходите, а претходно беше објавено дека годишниот приход на компанијата бил 1,6 милијарди долари на крајот на 2023 година. „Опен еј-ај“ одби да коментира.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Данок на иселувањето: За 30 години ќе се изедначи бројот на работници и пензионери
Се бараат медицински сестри за работа во Франкфурт, Келн и Берлин. Платата пред почетокот на нострификацијата на дипломата изнесува од 2.600 до 3.000 евра плус додатоци во бруто износ. По нострификацијата до 4.000 евра бруто. Потребно е минимално познавање на јазикот односно А2 ниво. Сместувањето и натамошното изучување на јазикот паѓа на товар на работодавачот.
Според податоците на Македонското лекарско друштво меѓу 200 и 250 лекари годишно си заминуваат од земјава. Уште поалармантана е состојбата кај медицинските сестри. По пандемијата со ковид, според податоците на Здружението на медицински сестри, месечно од јавното здравство си одат и по 40 сестри.
Инфлацијата во еврозоната може да забрза, но Македонија ќе има повисока стапка
Инфлацијата во еврозоната би можела повторно да се забрза и Европската централна банка (ЕЦБ) има уште доста битки за да ја достигне целта од инфлација од 2 отсто, тврди Мадис Мулер, член на Управниот совет на банаката.ЕЦБ ги намали трошоците за задолжување минатата недела, иако не е јасно кога креаторите на политиката повторно и дополнително ќе ги намалат стапките.
Инаку неделава стано јасно, како што се и очекуваше дека Народна банка на Македонија нема да почне со олеснување на монетарната политика, а каматната стапка на благајничките записи и во текот на летото ќе остане на досегашното ниво од 6,3 отсто. Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 отсто, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 отсто и 4,25 отсто, соодветно.
Народната банка на Србија ги намали каматите за 25 базични поени
Народната банка на Србија (НБС) одлучи да започне со намалување на каматните стапки, оценувајќи дека мајскиот влез на инфлацијата во рамки на целта е доволен за да почне да се олабавува рестриктивноста на монетарната политика.Со тоа референтната каматна стапка е намалена на 6,25 отсто, а каматните стапки на депозитните и кредитните средства се намалени на 5 и 7,5 отсто, соодветно.
Овој исход го очекуваа повеќето аналитичари анкетирани од „Блумберг“, но шест од 17 анкетирани аналитичари очекуваа пауза.Еден од оние кои очекуваа намалување беше Јакуб Кратки, аналитичар во „Генерали инвестмнтс“. „Предвидов намалување од 25 базични поени, но сум на мислење дека одложувањето на намалувањето не треба да ги изненади пазарите“, изјави Кратки за „Блумберг Адрија“ пред објавувањето на одлуката на НБС.
Г7 подготвува 50 милијарди долари за Украина од замрзнатите руски средства
Групата седум развиени земји се согласија за систем на заем врз основа на големината на нивните економии за да ѝ обезбедат на Украина околу 50 милијарди долари свежа помош која ќе почне да се користи до крајот на годината, според луѓе запознаени со ова прашање. По неколкумесечни дискусии за тоа како да се искористи профитот генериран од замрзнатите руски суверени средства, планот треба да ја добие поддршката од лидерите на самитот во Италија оваа недела.
Земјите од Г7 би ѝ дале заеми на Украина кои ќе бидат отплатени користејќи го профитот генериран од околу 280 милијарди долари блокирани средства, од кои повеќето лежат имобилизирани во Европа.Договорот се очекува да генерира критична поддршка за Украина на среден рок и да помогне во покривањето на нејзините финансиски потреби до 2025 година и понатаму.
Се што треба да знаете за гласањето во „Тесла“ за огромната плата на Маск
Акционерите на „Тесла“ повторно гласаа за огромниот пакет на исплати кон Илон Маск за 2018 година, процес кој судијата во Делавер го собори, но и за тоа дали да се пресели легалниот дом на производителот на електрични автомобили во Тексас.Гласањето што кулминираше со годишниот состанок на компанијата во четвртокот им даде можност на инвеститорите да се изјаснат за двата предлози, иако предлогот за компензација нема обврзувачка правна моќ.
Општо тоа се смета како референдум за лидерството на Маск во услови на неодамнешниот остар пад на акциите на компанијата и може да игра улога доколку главниот извршен директор и третата најбогата личност во светот ја изгуби жалбата на одлуката на судијката Кеталин Сент Џеј Мекормик, од јануари.