Шведската служба за безбедност соопшти дека детонации предизвикале штета на подводниот гасоводен систем „Северен тек“, надвор од нејзините територијални води.
Материјали од местото на протекувањето се анализираат за да се утврди „дали некој може да биде осомничен, а подоцна кривично гонет“, се наведува во соопштението на службата. Довршената истрага „ги зголемува сомнежите за сериозна саботажа“, додаваат од таму.
Во ексклузивната економска зона на Шведска минатата недела беа откриени две истекувања во цевководот кој минува низ Балтичкото Море до Германија и уште две во зоната на Данска, што поттикна истрага и зголемена безбедност околу клучната енергетска инфраструктура во регионот.
Прочитај повеќе
Во гасоводот 'Северен тек' досега откриени четири пукнатини
Од почетокот на оваа недела гас блика од цевководите, при што Данска проценува дека врските ќе се испразнат до недела.
29.09.2022
Германија се сомнева во саботажа на руските гасоводи
Германија се сомнева дека оштетувањето на системот на гасоводот „Северен тек“ е резултат на саботажа.
27.09.2022
Ситуацијата ги поттикнаа стравувањата дека Русија би можела да изврши тајни напади на виталните енергетски рути за да ги зголеми цените во и онака оптоварената Европска унија, како што се приближува зимата. Неколку влади, вклучително и германската, претходно ги нарекоа дејствијата „намерни“ и „саботажи“, при што Финска минатата недела забележа дека само државен актер може да дејствува во таков обем.
Кремљ негираше дека е одговорен за експлозии на „Северен тек“.
Истекувањето на гасот во шведската зона се чини дека се намалува, соопшти во средата крајбрежната стража на земјата, додека клокотот во близина на Данска запре во текот на викендот.