Републиканската народна партија (ЦХП), главната опозициска партија во Турција, победи во Истанбул и во Анкара.
Со отворени над 90 отсто од гласачките кутии низ Турција, ЦХП води со 37,3 отсто од гласовите, додека АКП, партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, следува со 35,78 отсто.
Големи делови од западниот, јужниот и северниот дел на земјата се под контрола на ЦХП, а прокурдската партија Дем доби контрола на дел од југоистокот.
Прочитај повеќе
Ердоган најави дека ќе се повлече од политиката
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган најави повлекување од политичкиот живот.
09.03.2024
Ердоган назначи професорка за крипто средства во Комитетот за монетарна политика
Назначувањето на Озкул веројатно нема да го промени курсот на тековната патека на монетарната политика.
23.12.2023
Ердоган го покани Маск да отвори фабрика на „Тесла“ во Турција
На видеоснимка се гледа како Маск влегува во Турската куќа, облакодер во кој се наоѓаат дипломатски и културни канцеларии, во близината на седиштето на ОН.
18.09.2023
По објавувањето на резултатите, Ердоган изјави дека не очекувале таков исход, но дека во сè има нешто добро.
„Ќе ја послушаме волјата на народот, како и во минатото. Народот ги кажа последните зборови. Ќе работиме со градоначалниците што победија на изборите. Ќе се самокритикуваме. Имавме неуспеси“, истакна тој.
Претседателот нагласи и дека неговата влада има уште четири години да ги исправи своите грешки.
„Немаме избор во следните четири години. Ќе ги обновиме подрачјата погодени од земјотресот, ќе ја поправиме економијата“, рече Ердоган.
Неговата партија сè уште доминира во централна Турција и има поголем успех во областите разурнати од земјотресот во февруари 2023 година. Тоа ги вклучува градовите како Кахраманмарас и Газијантеп.
За време на предизборната кампања, Ердоган истакна дека оваа ќе му биде последна, бидејќи претседателскиот мандат завршува во 2028 година.
Озгур Озел, претседател на ЦХП, ги пофали гласачите, велејќи дека „сакаат да ја отворат вратата за нова политичка клима во Турција“.