text size
Повисоките трошоци ги принудија повеќето земји во Адрија регионот да ги зголемат минималните плати, но разликите меѓу земјите се уште се големи. Во 2023 година, словенечката влада ја зголеми нето минималната плата за сто евра, или речиси 13 отсто, на 878 евра нето. „Зголемувањето е неопходно поради поскапите производи за широка потрошувачка и повисоките трошоци“, изјави министерот за труд, семејство и социјална заштита, Лука Месец. Според него, минималната плата во Словенија мора да се прилагоди барем на нивото на растот на цените на стоките за широка потрошувачка.