text size
Србија во 2024 година ќе го преземе претседавањето со телата формирани во рамките на ЦЕФТА (Централноевропски договор за слободна трговија), но мали се шансите да се реинкарнира идејата за слободна трговија доколку претходно не се решат некои политички прашања меѓу дел од земјите потписнички на договорот. Имено, процесот на спроведување на ЦЕФТА подолг период е клинички мртов, главно поради политичките несогласувања, пред сè на релацијата Белград - Приштина. Поради тоа се поставува прашањето дали економиите од регионот не се веќе зрели за нова форма на организација и соработка меѓу земјите што ќе ги елиминира слабостите на ЦЕФТА. Европската Унија веќе им понуди излез во форма на план за раст на Западен Балкан, создавање единствен пазар и пристап до единствениот пазар на ЕУ, кој претставува многу повеќе од само трговска соработка.